Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Русија ќе почне да ја снабдува Кина преку нов гасовод до крајот на 2019 година. Ова е дел од енергетскиот договор во вредност од 400 милијарди долари меѓу двете земји.
Шефот на Газпром Алексеј Милер во Москва изјави дека испораката на гас преку новиот гасовод Силата на Сибир ќе почне на 20 декември 2019 и оти Москва и Пекинг договараат изградба на нов гасовод на Далечниот Исток.
Русија во 2014 година потпиша 30 годишен договор за снабдување на Кина со гас која е најголемиот пазар на овој енергенс во светот.
Изградбата на Силата на Сибир почна во мај 2014 година и е во должина од 4 илјади километри.