Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жителите на централноиндиската држава Мадхја Прадеш за 12 часа успеаја да засадат скоро 67 милиони садници со стебла од дрвца, со што поставија нов рекорд во пошумување во Гинисовата книга на рекорди.
Пошумувањето во Мадхја Прадеш започна вчера утрото во раните часови, а успеа да собере околу 1,5 милиони жители од сите општествени слоеви. Меѓу присутните кои со насмевка садеа разни видови на дрвца од расадниците од сите страни на државата, беа студентите и домаќинките. На настанот присуствуваа и бројни официјални лица од Индија. Покрај брегот на реката Нармада засадени се 66.750.000 нови стебла.
#MadhyaPradesh CM @ChouhanShivraj planting sapling in #Amarkantak. #MPPlants6CroreTrees #NarmadaSevaMission pic.twitter.com/oTDnoOILFx
— ॐ#राजन #वन्देमातरमॐ (@ArunbajpaiRajan) July 2, 2017
Главниот државен министер Шиврај Синг Чоухан изјави дека е благодарен на сите кои се приклучија во пошумувањето.
Villagers of Konda in Dhar district have gathered to plant 10,000 saplings as part of the historic #MPPlants6CroreTrees pic.twitter.com/epU7ci2POU
— CMO Madhya Pradesh (@CMMadhyaPradesh) July 2, 2017
„Значително ќе придонесеме за зачувување на природата. Со засадување на нови дрвца луѓето придонесуваат за промена на климата и спасување на животната средина. Светот разговара за глобалното затоплување и климатските промени, но државата Мадхја Прадеш направи исчекор во решавање на тој проблем“, нагласи ресорниот министер.
#MadhyaPradesh Home Minister Bhupendra Singh taking part in plantation drive in #Sagar. #MPPlants6CroreTrees
#AIRPics : Vinod Arya pic.twitter.com/gCsr3GAfv4— All India Radio News (@airnewsalerts) July 2, 2017
Индиската држава Утар Прадеш претходно го држеше рекордот во пошумување кога нејзините жители во јули минатата година за 24 часа засадија 50 милиони стебла.
Во рамки на Парискиот договор за климатските промени Индија вети дека до 2030 година со шума ќе прекрие уште 95 милиони хектари земја. Владата на Индија ќе издвои 6,2 милијарди долари за таа цел.
Покрај Мадхја Прадеш, и други индиски држави се активни во пошумувањето. Жителите на Кералае засадија повеќе од десет милион садници во јуни оваа година, а Махараштра до крајот на годината ќе добие 40 милиони нови стебла.