Каква чест: Легендите Роналдо и Марадона ја доделија Златната топка на Купот на конфедерации


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германија го освои Купот на конфедерациите, а нејзиниот мајстор е прогласен за најдобар играч на овогодишениот турнир.

Играчот за врска на германската фудбалска репрезентација и на францускиот ПСЖ, Јулиан Дрекслер, е прогласен за најдобар играч на Купот на конфедерациите, кој заврши во Русија со освојување на трофејот од страна на Германија.

Дрекслер ја освои Златната топка предводејќи ја својата репрезентација до титулата и победа над Чиле во финалето. Златната копачка за најдобар стрелец ја доби Германецот Тимо Вернер, кој турнирот го заврши со три погодоци и две асистенции. Три гола постигнаа и неговите репрезентативни соиграчи Леон Горецка и Ларс Штиндл.

Наградата за најдобар голман, Златна ракавица, ја доби чилеанскиот голман Клаудио браво.