Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Езерцето Ковао до Кончос на португалската планина Сера де Естреља, повеќе од 60 години ги зачудува, импресионира и фасцинира сите посетители со својот изглед. Изгледа како премин во фантазмагоричниот подводен свет, а еве ја приказната која се крие зад неговиот атрактивен изглед.
Иако има чудесен изглед, не станува збор за чудо на природата, туку за човечка креација. Ковао до Кончос е дел од хидроелектраната изградена во далечната 1955 година и служи за вшмукување на водата од езерото до браната Лагоа Комприда.
Иако не е природна творба, нема причина да не му се восхитувате. Тоа го сфатија и бројните туристи планинари, кои и покрај тешкиот пат кој води до ова атрактивно езерце, не се откажуваат од намерата да го видат и да се фотографираат со него.