Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веројатно секоја жена, а и голем дел од мажите, често наутро застануваат пред плакарот со облека и помислуваат: „немам што да облечам“.
Според експертите, оваа „модна криза“ не е затоа што немате што да облечете, туку затоа што имате премногу облека, па ви е тешко да донесето одлука што да облечете.
„Кога сме оптоварени со опции, се соочуваме со парадоксот на изборот. Тоа не се однесува само на облеката, туку и на разни животни ситуации. Големиот број опции може да предизвикаат проблеми. Со други зборови кога ќе се соочиме со преголем број можни избори, нашите и онака приоптоварени мозоци доаѓаат под дополнителен стрес и тоа ни предизвукува дополнителна загриженост“, вели психологот Џо Хемингс.
За намалување на овој непотребен дополнителен стрес Хемингс предлада прередување на плакарот и отстранување на облеката, што повеќе не сакате да ја носите.
„Ако не ви помогне ниту тоа, тогаш најдобро е изборот за тоа што ќе го облечете следното утро, да го направите претходната вечер“, додава Хемингс.