Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Трансфер сагата околку трансферот на напаѓачот Александре Лаказет од Лион во лондонскиот клуб би можела да заврши многу брзо.
Лаказет со траснфер во Арсенал се поврзува веќе со месеци, а изгледа дека конечно се е завршено.
Англиските медиуми денеска објавија дека Арсенал и Лион постигнаа договор околку висината на надоместокот, и дека сега само времето е прашање кога овој трансфер ќе биде официјализиран.
Наводно, Арсенал на сметката на францускиот тим ќе плати 53 милиони евра, а Лаказет со клубот од „Емирати“ ќе потпише петгодишен договор. Францускиот играч уште денеска би требало да пристигне на лекарски прегледи, и официјално да потпише за новиот клуб.
Овој 26-годишен напаѓач во дресот на Лион одигра 275 натпревари и постигна 129 гола. Во минатата сезона беше феноменален, бидејќи на 45 натпревари успеа да ја затресе мрежата дури 37 пати.