Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Затворениците од затворот од Sun City во Јоханесбург се опуштиле со стриптизерките на кои им било дозволено да влезат на прославата во казнено-поправната институција. Но, проблемот настана кога фотографии од журката се појавија на интернет, па беше иницирана истрага за нарушување на затворските протоколи.
Во врска со случајот надлежни органи коментираат дека тоа претставува голем пробив во безбедноста и покажува остро прекршување на затворски протоколи.
Во овој момент се претпоставува дека прекршокот настанал за време на прославата на „Месецот на младоста”, годишен настан во чест на загинати ученик во бунтот од 1976 година против апартхејдот во Јужна Африка.
Од управата на затворот споменуваат дека одбележување на празникот беше официјално дозволено, но не и на таков начин. Се води истрага за откривање на одговорните и околностите околу кршење на протоколите, а веќе има отпуштени 13 функционери.