Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Трофејниот шпански тренер Висенте Дел Боске изјави дека Реал Мадрид би требало да го задржи, Алваро Мората.
Мората минатата сезона не добиваше премногу простор за игра на „Сантијаго Бернабеу“ и поради тоа сака да замине, а помеѓу оние кои сметаат дека Зинедин Зидан треба да го задржи Шпанецот е и поранешниот селектор на шпанската репрезентација, Висенте Дел Боске.
„Доколку јас би бил тренер на Реал Мадрид, би го задржал. Тој е сениорски репрезентативец на Шпанија, а Реал никогаш не треба да ги пушта своите најдобри фудбалери“, смета Дел Боске.
Како наредната дестинација во кариерата на Мората се споменува Манчестер Јунајтед со кој наводно шпанскиот фудбалер веќе ги договорил личните услови, но и покрај малата минутажа Реал нема намера да го пушти за сума помала од 80 милиони евра.