Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со четири распродадени концерти на „Вембли“, Адел ќе ја заврши светската турнеја, а денес сите зборуваат за нејзиното емотивно писмо со кое најави дека повеќе нема да оди на турнеи.
Во текот на првиот настап на „Вембли“ на фановите им беше поделено писмо кои ги растажи сите обожаватели на одличната пејачка.
„После 15 месеци на пат дојдовме до крајот. Во оваа туреја ја обиколивме Велика Британија, Ирска, Европа, Америка и на крајот стигнавме до Австралија и Нов Зеланд. Турнеите се незгодни и мене не ми одговараат, плус имам очајни искуства со турнеите. До сега одржав 119 концерти, а со последните четири ќе стигнам до бројката од 123 настапи, па беше многу напорно, но и прекрасно“, напиша Адел, а потоа најави простување.
„На оваа турнеја тргнав исклучиво поради вас, и се надевам дека на вас имав влијание исто како што на мене оставаа моите омилени уметници. Сакав мојот последенн концерт да биде во Лондон бидејќи незнам дали некогаш повеќе ќе одам на турнеја и сакав последниот настап да ми биде дома. Ви благодарам што дојдовте и за љубовта која ми ја давате, ова ќе го паметам до крајот на животот“, заврши Адел.