УЕФА предлага селари-кап: Ќе се ограничат платите на фудбалерите!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александар Чеферин, изјави дека се разгледува идејата за воведување ограничување на висината на платата во договорите на играчите.

Чеферин изјави дека УЕФА размислува за своевиден „селари кап“, што беше воведен пред неколку години во американската кошаркарска лига НБА, за да се намали разликата меѓу најбогатите и останатите европски фудбалски клубови.

„Сериозно ќе ја разгледаме можноста за ограничување на клупскиот буџет за платите на фудбалерите“, нагласил Чеферин.