(ВИДЕО) Нимиц во Скопје: Не носам нов предлог за името!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Специјалниот претставник на ОН и посредник за спорот што Грција го има со нашето име, Метју Нимиц викендов е во Македонија со цел да ја увиди ситуацијата и да ја тестира подготвеноста на новата влада за можен компромис со Грција.

Во пресрет на посетата на регионот, бидејќи од Македонија ќе замине во Грција, посредникот Нимиц даде интервју за „360 степени“.

„Се надевам дека вниманието се враќа кон овие прашања. Тука сум да ја тестирам рецептивноста кај сите засегнати страни за сериозен напредок. Овојпат не носам нов предлог, вели Нимиц во интервјуто.

Тој вели дека е добро и дава надеж тоа што новата влада испрати сигнали дека е подготвена да работи за добрососедските односи.

„Мислам дека ова е важен знак. Вие не можете да изгубите контакт со соседите. Можете да имате добри односи со луѓе на другиот крај на светот, со САД, со Кина, со Москва, но мора секогаш да имате добри односи со соседите“, рече Нимиц коментирајќи ја првата официјална посета на Министерот за надворешни работи.

Специјалниот претставник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција, последен пат ги посети двете земји на крајот на јули 2014 година.