Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
15-годишната ќерка на Синди Крафорд ги изреволтира своите фанови и пријатели на Инстаграм со провокативното селфи кое го објави на социјалната мрежа.
Каја Гербер позира во домашна наметка со разголени рамена, придржувајќи ја наметката пред градите. Многумина жестоко ја осудија оваа објава со оглед на тоа дека девојчето е малолетно и има 15 години.
Изгледа дека фотката е направена меѓу две снимања, бидејќи Каја во описот стави „униформа“ и има прилично шминка на лицето.
Пријателите бурно реагираа истакнувајќи дека е премлада за вакви провокативни фотографии.
„Имаш само 15 години, покриј се!“, „О боже, па ти си само дете, што правиш?“, „Оваа фотка никако не е примерна за твоите години“, „Како твоите родители го дозволиле ова?“, се само некои од критичките коментари.
Сепак, и покрај сите критики, манекенските ангажмани на младата Каја се редат и пред неа веројатно следи голема модна кариера.