Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот кошаркар Џордан Тиодор доби македонски пасош и ова лето ќе настапува за Македонија во квалификациите за Светското првенство во Кина.
Тиодор на 5-ти јули ќе допатува во Македонија за да ги заврши сите формалности околу новиот пасош и веднаш ќе му се стави на располагање на селекторот Јордан Давитков.
Одличниот кошаркар игра на позицијата плејмејкер, а минатата сезона беше прогласен за најкорисен играч во ФИБА Лигата на шампиони.
Игра за Банвит, тим кој дојде до финалето во Лигата на шампиони, каде беше поразен од Тенерифе.