Не претерувајте со тренинзи: Еве зошто треба да правите паузи од вежбањето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сечиј распоред за вежбање мора да вклучува и денови за одмор (понекогаш дури и недели). Еве неколку причини поради кои не треба да вежбате секој ден.

1) Мускулите растат кога одмарате

Дигањето тегови креира малечки кинења во мускулите кои можат да заздрават само за време на одмор. Овој процес е тоа што ги прави мускулите посилни отколку порано, па така колку што е важно и вежбањето, подеднакво важен е и одморот.

2) Тренирањето без прекин може да предизвика стагнирање при слабеењето

Благодарение на заштитните механизми на телото, тренирањето без прекин може да предизвика стагнирање при слабеењето, па дури и зголемување на тежината (неповрзано со зголемената мускулна маса). Меѓу другото, тоа се случува бидејќи се менуваат нивоата на одредени хормони (вклучувајќи ги тестостеронот и кортизолот) што телото го сфаќа како сигнал да почне да согорува мускули за да има „гориво“ за вежбање (бидејќи резервите од шеќер или масни наслаги се потрошени), што резултира со зголемување на тежината.

3) Истото може да предизвика аменореа (отсуство на менструација), како и да го изремети менструалниот циклус

Доколку овој циклус изостане 3 или повеќе месеци, на телото ќе му биде сигнализирано дека постои проблем, што може да предизвика намалување на нивото на естроген, што пак како последица има предвремено губење на коскеното ткиво – правејќи ве послаби и поизложени на повреди.

4) Потешкотии со спиењето

Потребата од прекувремено спиење за да воопшто можете да вежбате или пак појавата на несоница дури и кога сте преуморни се индикатори дека нешто не е во ред и треба да паузирате од вежбање.

5) Постојано чувство на исцрпеност

Повеќе вежбање не секогаш значи и повеќе енергија. Доколку по тренингот почнете да се чувствувате преморено до тој степен да едвај можете да се движите, тоа е знак дека вежбате или временски премногу или преинтензивно.