Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на Германија е вториот финалист на Купот на Конфедерации. Германците во второто полуфинале убедливо го совладаа Мексико со 4:1 (2:0).
Пласманот во финалето актуелниот светски шампион го реши во почетните десет минути, кога фудбалерот на Шалке, Горецка со два гола му донесе недистижна предност на својот тим.
По еден час игра, Вернер, зголеми на 3:0. Во самата завршница Мексико со спектакуларниот гол на Фабија намали на 3:1, а конечниот резултат го постави Јунес во 91.минута.
Германија во финалето ќе игра против селекцијата на Чиле. Чилеанците, во средата, по изведувањето пенали ја совладаа Португалија со 3:0.