Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Њујорк ја обновува најпознатата атракција во Централ парк. Познатиот замок „Белведере“ во њујоршкиот Централ парк на есен ќе биде реставриран, за што ќе бидат потрошени шест милиони долари.
Замокот Белведере, кој е главна атракција на паркот уште од 19 век, мора да се реставрира затоа што кога врне покривот прокиснува.
Најавено е дека ќе биде поставен нов одводен систем и подмладен оригиналниот дизајн.
Замокот последен пат е реставриран во 1983 година.
Претставници на паркот соопштиле и дека се планира додавање нова опрема на игралиштето „Били Џонсон“ на источната страна на паркот.