Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Австралиската убавица и манекенка Миранда Кер му предаде на американското министерство за правосудство накит време 8,1 милион долари кој го добила како подарок од малезискиот богаташ додека биле во врска, пишува Wall Street Journal.
Накитот, меѓу кој има и 11,72-каратен дијамант во форма на срце, наводно го купил Џо Ло со средства отуѓени од малезискиот државен фонд.
Кер беше во врска со Ло околу една година во 2014 година, а оваа година во мај се омажи за богатиот основач на Snapchat; Еван Шпигел.
Претходно овој месец, актерот Леонардо ДиКаприо, на истото правосудство му ги предаде уметничките дела кои му ги подарил Ло.
САД планира да подигне тужба за измама и перење пари против овој малезиски бизнисмен, за кој се смета дека е во центарот на корупциски скандал поврзан со државниот фонд 1MDB.
Се планира и одделна тужба со цел запленување на имот вреден повеќе од една милијарда долари наводно купен со средства од тој фонд.