Девојче се бори за живот после тешка сообраќајка на патот меѓу Охрид и Кичево


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Седумгодишно девојче од Валандово се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Охрид за Кичево, соопшти МВР.

Несреќата се случила во 5 и 15 часот, кај село Требеништа, кога Љ.К. (26) од Валандово, со автомобил поло со валандовски регистарски ознаки изгубила контрола над возилото, кое излетало од патот, по што се превртело на кров.

Тешко повреденото девојче било пренесено во Општа болница Охрид, од каде поради сериозноста на повредите било пренесено во Клинички центар Скопје и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа СВР Охрид.