Бомбардиран Врховниот суд во Венецуела: Овој синоок специјалец повикува на пуч против Мадуро


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со украден полициски хеликоптер утрово бил нападнат Врховниот суд на Венецуела. Хеликоптерот испуштил неколку гранати врз објектот, а биле истрелани и  куршуми кон министерството за внатрешни работи.

Веднаш по нападот се појави и снимка од пилотот кој управувал со хеликоптерот, како се одрекува од владата предводена од Николас Мадуро.

Пилотот на видеото се идентификувал како Оскар Перез, кој бара од Венецуелците да се откажат од, како што вели, тиранијата на актуелниот претседател.

Мадуро пак, нападот го оцени како терористички обид за пуч и веднаш ја алармирал армијата и ја ставил на готовс. Ваквиот развој на настаните доаѓа по неколку месеци големи протести во државата, каде опозицијата не ги признава Мадуро и Врховниот суд.