Малата е прогласена за највлијателна личност на социјалните мрежи според Time


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американскиот магазин Time ја прогласи осумгодишната Бана Алабед од Сирија за една од највлијателните личности на интернет.

Бана стана позната во светот по нејзините твитови од опколениот Алепо.

Time својата годишна листа на навлијателни личности на интерент ја изработи врз основа на општото влијание врз социјалните мрежи и генерирање на најважните вести.

Бана со помош на својата мајка на налогот AlabedBana на Твитер поставуваше фотографии и видео снимки за животот за време на војната во Сирија.

„Не можам да излегувам поради бомбардирањето. Ве молам да го прекинете бомбардирањето“, напиша Бана на 24 септември 2016 година во нејзиот прв твит. Таа има 365.000 следбеници на оваа социјална мрежа.

Минатиот декември Бана и нејзиното семејство безбедно се евакуирани од источениот дел на Алепо во Турција.

Освен Бана на листата на највлијателни личности се најдоа британската авторка Џ.К. Роулинг, поп пејачката Ријана, старлетата Ким Кардашијан и американскиот претседател Доналд Трамп.