Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени беше регистриран во Охридскиот регион во 13 часот и 45 минути.
Епицентарот на земјотресот беше на 5 километри северо-западно од Ресен на длабочина од 10 километри.
Ова е шести земјотрес во овој регион во последните два дена.
Во 1 часот и 2 минути по полноќ беше почувствуван земјотрес во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од 3,3 степени според Европската Макросеизмичка Скала, по кој следуваа уште два со јачина од 2,4 и 2,7 степени.