Хан во Влада на тет а тет средба со Зоран Заев


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пристигна во Владата на Република Македонија каде ќе одржи средба со премиерот Зоран Заев.
По две недели откако во Брисел на премиерот Зоран Заев му ги пренесе пораките од Европската унија, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Скопје на владина седница го разгледува нацрт-планот со мерките, активностите и со временските рамки за реформските приоритети.
По средбата со премиерот Заев, Хан ќе има средба со владина делегација составена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Во 14.45 часот е закажана заедничка прес-конференција, а по неа Хан ќе присуствува на седница посветена на итните реформски приоритети за евро-атлантските интеграции на Македонија.