Скопјанец уапсен на Родос: Пијан и гол нападнал грчки полицаец


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Жител на Скопје осуден е на 20 месеци затвор во Грција бидејќи алкохолизиран нападнал тројца полицајци на островот Родос.

Трисетгодишниот маж како што објави грчкитвесник Прототема се опијанил, се соблекол гол и легнал на маса во ресторан.

Кога полицајците побарале од него да се облече почнал да фрла предмети кон нив кои му дошле при рака.

По ова, полицијата го уапсила, а во судот изјавил дека бил под дејство на алкохол и не знаел што прави.