Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако кокосовото масло е добра замена за козметичките препарати, а некои тврдат дека неговите масти се подобри од другите заситени масни киселини, се чини дека сепак тоа не е толку добро за конзумирање.
Според извештајот на Американското здружение за срце (АНА), кокосовото масло е штетно, како и путерот или говедската маст.
Според заклучоците на американските истражувачи, кокосовото масло содржи заситени масни киселини кои можат да го покачат нивото на лошиот холестерол, што го зголемува ризикот од срцеви болести.
Всушност кокосовото масло содржи околу 82 отсто заситени масти, што е многу повеќе од путерот (63), маслиновото масло (14), маслото од кикирики (17) и сончогледовото масло (10).
– Според резултатите од неодамнешните анкети, 72 отсто од американската јавност оцениле дека кокосовото масло е здрава храна, а само 37 отсто нутриционисти мислат така. Разликата меѓу лаичкото и стручното мислење може да се припише на маркетингот, рекоа од Американското здружение за срце.
Тие потенцираат дека мета анализата на експериментите јасно покажала дека путерот и кокосовото масло, во смисла на зголемување на количината на лошиот холестерол во телото, еднакво се лоши како и сите други.
– Со оглед на тоа дека кокосовото масло го зголемува нивото на лошиот холестерол, предизвикува кардиоваскуларни болести и нема поволни ефекти за кои толку се зборува, советуваме да не го користите, заклучуваат од Американското здружение за срце.
Иако, некои луѓе сметаат дека комбинацијата на мастите го чини кокосовото масло здраво, експертите велат дека за тоа нема убедливи докази. Исто така, потсетуваат дека малку масти се добри за секого, бидејќи масните киселини се неопходни за правилна апсорпција на витамините и дека може да ги најдете во авокадо, рибино масло, ореви и семки.