НБА драфт: Филаделфија го доби првиот пик Маркел Фулц!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Филаделфија го имаше првиот избор на годинешниот НБА драфт, кој се одржа изминатат ноќ и очекувано се одлучи за 19-годишниот Маркел Фулц од Универзитетот во Вашингтон.

Одличниот плејмејкер сезоната ја заврши со просек од 23 коша, 5,7 скока, и 5,9 асистенции. Овој играч според американските аналитичари е проценет како огромен потенцијал, со фантастични одбранбени карактеристики и квалитети во нападот, со што би можел да ја направи Филаделфија една од најатрактивните екипи во НБА шампшионатот.

На Лос Анџелес Лејкерс му припадна вториот избор и го донесе Лонзо Бол од УЦЛА Универзитетот. Третиот пик Џејсон Татум ќе игра за Бостон, а четвртиот Џош Џексон ќе го носи дресот на Феникс Санс.

Големно внимание годинава предизвика и изборот на Скараменто, Фантастичниот плејмејкер на Кентаки, Де Арон Фокс, кој можеше да биде и прв пик на драфтот доколку имаше попрецизен шут од надворешните позиции.

Треба да се спомене дека тројца кошаркари на српската Мега Лекс се најдоа на драфтот. Влатко Чанчар како 49. пик заврши во Денвер, Њујорк го избра Огњен Јарамаз, а Алфа Каба како 60. избор се сели во Атланта.