Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога нутриентите би биле познати лучности, протеините веројатно би биле рок-ѕвезди. Тешко дека ќе пронајдете некое списание за здравје кое нема да биде преполно од текстови за протеини, како можете да ги додадете во секој оброк или како да изберете продукти со најмногу протеини.
Вистина е дека протеините помагаат подолго време да се чувствувате сити, помагаат во развивањето, растот и здравото развивање на мускулите. Меѓутоа, самото додавање на протеини во се што јадете не е особено здраво. Во продолжение прочитајте кои се најчестите митови за протеините и што морате да знаете за нив за навистина здраво да се храните.
Повеќе протеини значи и повеќе мускули
Факт е дека вашето тело не може да се развива или да ги засилува мускулите без клучните амоно-киселини кои можеме да ги пронајдеме во храната богата со протеини. Но, самата консумација на протеини не е доволна за да се изгради и одржува мускулната маса – за тоа е потребно вежбање. Исто така, како што старееме вежбањето станува се поважно бидејќи слабеењето на мускулите може да ја намалу подвижноста.
Сите протеини се еднакви
Сите извори на протеини не ги содржат клучните амино-киселини кое на телото му се потребни за одржување на здрави мускули. Исто така постои голема разлика на протеини од животинско и растително потекло. Со други зборови прокутите од животинско потекло како месо, млечни производи, јајца, риба се целосен извор на амино-киселини, додека продуктите од растително потекло не.
Меѓутоа, не мора да се јаде исклучиво продукти од животинско потекло за да ги добиеме ваќните амино-киселини, па исхраната секако треба да се направи разноврсна. На пример, печурки во комбинација со житарици ќе му ги дадат на вашето тело сите амино-киселини кои му се потребни.
Колку повеќе протеини јадеме, толку подобро
Кога станува збор за зајакнување на мускулите и неутрализирање на гладот, всушност постои одредена количина протеини кое вашето тело може да ја искористи. За повеќето луѓе тоа е помеѓѕ 25 и 30 грама по оброк, а таа количина отприлка се наоѓа во 2 јајца или 85 грама месо. Наместо да се обидувате да ставите што е можно повеќе протеини во вашата исхрана, подобро ќе биде да ги распоредите протеините кои ги добивате. На пример, повеќето луѓе добиваат многу малку протеини за доручен и вечера, а премногу за ручек.
Протеините се потребни веднаш после вежбањето
Овој мит е најчест кај младите момчиња, кои веруваат дека мораат да испијат голем протеински шејк после секоја посета на теретана за да го максимизират учинокот од вежбањето. Меѓутоа, ова важи само за луѓе кои професионално се бават со боди-билдинг, и имаат потреба да протеини на секои 4 часа. Но за останатите луѓе доволни се протеините кои се добиваат со консумација на нормални оброци – на тој начин мускулите и понатаму ќе добиваат се што им е потребно.
Ако сте уморни, веројатно не сте внесле доволно протеини
Ако сте константно уморни тоа може да биде знак дека на вашето тело му недостасуваат протеини. Меѓутоа, тоа е случај само ако залихите на протеини во телото значително се потрошат, а тоа нема да се случи после само неколку оброци. Ако сте веган, или избегавата протеини од животинско потекло, и често чувсвувате умор тогаш е можно да ви недостасуваат проеини во исхраната. Но, во повеќето случаи заморот нема никаква врска со конзумацијата на протеини.
Зголеменото конзумирање на протеини ќе ја одржи вашата телесна тежина
Протеините можат да ја го зголемат чувството на ситост после оброкот, но тоа не значи дека можете да претерате со протеини и да се здебелите. Ако сакате да додадете протеини во исхраната за да го намалите чувството на глад и да ги зглемите мускулите, заменете ги калориите кои ги внесувате преку јаглехидратите со калории кои ќе ги добиете со протеини. Тоа е многу подобра опција отколку самото додавање на протеини на се што моментално конзумирате.