СПРЕЧЕНО МАСОВНО КРВОПРОЛЕВАЊЕ: Тип влета во бар и почна да пука, но заборави дека е во Тексас!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не е реткост во САД да се спречат големи крвопролевања или грабежи благодарение на наоружаните граѓани, само што таквите настани не добиваат насловни страни ниту ударни термини како масовните убиства и тероризмот. Меѓутоа, токму таков настан беше спречен во Арлингтон, Тексас.

Џејмс Џонс (48) влезе во спортски бар со два пиштоли в раце и извикувајќи „Ебени Мексиканци!“ почна да пука и го застрела 37-годишниот Цезар Перез. Гостите испаничија сметајќи дека и тие ќе завршат слично, но притоа еден од нив го извлече својот пиштол и го застрела напаѓачот кој остана на место мртов.

„Напаѓачот дефинитивно имаше оружје и капацитет да продолжи со насилството и веројатно ќе ги убиеше сите гости во барот“, рече Крис Кук, началник на арлингтонската полиција за НБС.

Меѓутоа, Џонс заборави дека е во Тексас, каде нема регулативи за носење оружје. Вооружениот херој имал скриен пиштол додека бил во барот со својата сопруга. Кога влегол напаѓачот само и рекол на сопругата да легне под маса, а тој со својот пиштол со еден куршум го усмртил Џонс.

„Не знам дали напаѓачот воопшто беше свесен што го снашло, бидејќи ништо не гледаше, а веднаш почна пука. Му благодариме на ’добриот Самарјанин’ кој сакаше да остане анонимен. Никогаш не им препорачуваме на граѓаните да тргнат сами во акција, тоа е нивна слободна волја, но овојпат е избегната поголема катастрофа“, рече началникот Кук.

За разлика од македонското законодавство, кое е мошне ригидно и дури се казнува и нужното пукање во самоодбрана, како што беше случајот со дедо Љубе – Љубомир Митев (75) од кратовското село Којково кој дури беше обвинет за убиство откако во самоодбрана пукаше врз напаѓачите кои провалија во неговата куќа и ги злоставуваа него и неговата сопруга, во голем дел од американските држави е далеку поголема слободата на држење оружје и е апсолутно неказнивно доколку се користи во самоодбрана.