Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од владината делегација во Софија, денеска се сретна со Теменушка Петкова, министерка за енергетика на Република Бугарија и претставници на Бугарската асоцијација за гас.
Енергетиката е една од важните области за соработка за коишто има интерес од владите на двете земји да ги развиваат. На средбата е изразена подготвеност за заеднички проекти за што ќе бидат аплицирани пред ЕУ фондовите. Во наредните седмици Македонија и Бугарија ќе договараат меморандум за развој на енергетиката.
На средбата од посебно значење е посочена изградба на нов конектор помеѓу двата гасоводни системи, соопштија од Владата.
Премиерот Заев, претходно, на брифингот со новинарите истакна дека Република Македонија и Република Бугарија со средбите на највисоко ниво, со премиерот Бојко Борисов и со претставници на владино и државно ниво во Софија, отвораат ново златно поглавје во меѓусебната соработка.
Премиерот Заев ја заокружи посетата на Бугарија со средба со претседателката на бугарската опозициска партија БСП, Корнелија Нинова, којашто исто така ги поддржа реформските процеси и евро-атлантските аспирации на Македонија.