Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вечерва, со настапот на Омер Фарук Текбилек (САД/Турција) и неговиот ансамбл во Македонска опера и балет, во 22 часот, ќе почне годинешново СКОПСКО ЛЕТО, меѓународната културна манифестација, што традиционално почнува на првиот ден на летото, но и на Светскиот ден на музиката.
Отворањето на Скопско лето 2017 ќе го означат уште два културени настани, односно во 19:30 часот ќе се одржи концертот „ЛЕТНИ НОТИ“ на Градскиот дувачки оркестар под диригентската палка на Хусеин Еминовиќ на улица Македонија и во 20 часот, исто така, на улица Македонија ќе биде поставена инсталацијата „THINK FREEDOM – МИСЛИ СЛОБОДА“ на Едина Селесковиќ – Бoсна и Херцеговина.
Под покровителство на Градот Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, годинешново СКОПСКО ЛЕТО ќе понуди околу 50 програмски содржини, концерти на класична, народна и џез музика, драмски, балетски и оперски претстави, изложби и филмски проекции, специјални проекти и премиери. Главниот град на државата ќе пулсира во ритамот на творешниот немир и креативноста на домашните уметници, а Скопје и оваа година ќе биде домаќин на уметници од 16 држави од целиот свет
Градот Скопје ги покануваат скопјани и гостите на Скопје да бидат дел од уште едно возбудливо издание на СКОПСКО ЛЕТО, кое е препознатлив културен белег на нашиот град и Република Македонија.
Целосната програма на Скопско лето 2017 може да ја видите на следната интернет врска – https://issuu.com/skleto/docs/katalog_skopsko_leto_2017