Некогаш бил мултимилионер, а веќе 20 години живее со едно куче на пуст остров


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


73-годишниот Дејвид Глашин веќе 20 години живее на пуст остров, каде друштво веќе извесно време му прави само мелезот Поли, а тврди дека никогаш не бил посреќен во животот.

Пред да се пресели на Restoration Island, мало островче на североисток од Австралија, Дејвид „тежел“ 28,4 милиони долари, пишува The LadBible.

Бившиот бизнисмен и експерт за недвижнини голем дел од своето богатство го загубил во големиот крах на берзата во 1987 година. Десет години подоцна одлучил да крене раце од цивилизацијата.

„Сакам да починам овде, каде на друго место. Ова е мојот рај на земјата. Кога дојдов на островот бев отруен од желбата за пари. Парите ги трујат луѓето, а ми се распадна и бракот“, вели тој во разговорот по повод 20-годишнината од неговиот престој на островот.

„Кога сте сам ви недостасуваат интелигентни разговори и физички контакт со други луѓе. Би сакал да најдам партнерка или партнерки кои би биле спремни да ме посетуваат неколку пати годишно“, вели тој.

„Омилена работа ми е уживањето во природата и мирот“, додава Дејвид. Но, животот во дивина на пуст остров не е баш лесен. „Ако западнете во неволја, горе-долу сте мртви. Морските крокодили се прекрасни животни и ги сакам, но се многу опасни. Овде нема рутина и тоа е она кое го сакам – секој нов ден е поразличен“, открива Глашин.

Дејвид е роден во Сиднеј, а имал своја компанија за ископување на злато во Папуа Нова Гвинеја. Набрзо откако го напуштила сопругата, инспириран од новата девојка и разговорите со неа, почнал да истражува каде би отишол и набрзо се преселил на островот. Благодарение на генераторот и соларните панели, можете да користите и интернет. Еднаш годишно го напушта островот за да се снабди со намирници.

„Овде има змии, пајаци и крокодили, но е побезбедно отколку во многу други делови од светот кога ќе чуете за терористички напади“, заклучува тој.