Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Светската фудбалска федерација потврди дека покрена дисциплинска постапка протув Јувентус поради трансферот на Пол Погба од Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ не се предмет на таа постапка, бидејќи е утврдено дека не ги прекршиле правилата.
Францускиот фудбалер пристигна во Јувентус во 2012 година како слободен играч, откако му истече договорот со Јунајтед. Меѓутоа, „старата дама“ минатото лето го продаде Погба на неговиот бивши клуб за рекордни 105 милиони евра, плус бонуси.
Во тој трансфер вклучена е висока провизија која замина во рацете на агентот на Погба, Мино Раиола, кој со тоа го прекршил правилото за сопственост на трета страна.
„Можеме да потврдиме дека е покрената дисциплинска постапка против Јувентус. Не можеме да дадеме повеќе информации, бидејќи истрагата е во тек. Можеме да потврдиме дека во дисиплинската постапка не е вклучен Манчестер Јунајтед“, потврдија од ФИФА.
Доколку биде утврено дека Јувентус ги прекршил правилата при тој трансфер, тогаш италијанскиот шампион ќе биде парично казнет и ќе добие забрана за трансфери на одредено време.