Home Актуелно Заедничко чествување на Илинден и поддршка за ЕУ и НАТО: Заев и Борисов најавија ново поглавје во соседските односи

Заедничко чествување на Илинден и поддршка за ЕУ и НАТО: Заев и Борисов најавија ново поглавје во соседските односи

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска од Софија најавија нова страница во државните односи. Историските проблеми ќе се надминуваат со заеднички прослави, именување улици и поддршка во ЕУ и НАТО.

Македонија и Бугарија се блиску до потпишување на Договорот за добрососедство. Двајцата премиери, Бојко Борисов и Зоран Заев од денешната пресконференција во Софија најавија дека тоа најверојатно ќе се случи на 2 август, кога заеднички ќе го прослават Илинден во Македонија.

Софија е втората меѓународна станица на Заев откако стапи на премиерската функција и прво замина во посета на Брисел. Бугарија од 1. јануари следната година го презема претседателството со ЕУ.
Евро-атлантските интеграции беа главна тема на денешниот состанок. Борисов најави поддршка за Македонија на тој пат. Двајцата премиери најавија и засилен ангажман за заеднички инфраструктурни проекти кои би можеле да се финансираат од фондовите на ЕУ, во прв ред Коридорот 8.

Преку градоначалниците на Софија и Скопје ќе се направи обид улици во двата главни града да ги носат имињата на поранешните претседатели Борис Трајковски и Жељу Жељев. Денеска, двајцата премиери се поклонија пред споменикот на цар Самоил во Софија, а истото ќе го сторат и во Скопје во текот на летово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…