Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот претседател на Барселона, Џоан Лапорта, открива дека Интер во 2006 година бил подготвен да плати 150 милиони евра за услугите на Лео Мес.
Во договорот на Меси, во тоа време, откупната клаузула изнесувала 150 милиони евра. Доколку тогаш Барселона ги прифатела условите тоа и денес би бил најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
„Тоа беше во 2006 година кога Интер испрати рекордна понуда за трансфер. Беа подготвени да ја платата откупната клаузула. Поради тоа подоцна, кога Меси потпиша нов договор ја зголемивме откупната клаузула на 250 милиони евра. На таткото на Меси, Хорхе, со кого имам одличен однос, му реков дека ќе мора да ја платат клаузулата бидејќи не сакам да го продадам. Му кажав дека на неговиот син му е судено да стане најголемиот играч во историјата и дека ние ќе му помогнеме да го постигне тоа“, рекол Лапорта.