Наградуваниот матадор Фандино почина откако беше избоден од бик


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот и наградуван шпански матадор Иван Фандино почина подлегнувајќи им на повредите кои ги здоби откако беше прободен од бик при што му беше сериозно оштетен црниот дроб за време на една корида во малото француско гратче Мон де Марсан.

36-годишниот професионален матадор беше закачен од роговите на бикот за време на Aire-sur-l’Adour фестивалот на борби со бикови минатата сабота. До кобниот дуел овој славен матадор имаше стотици успешни борби со бикови во својата 12-годишна матадорска кариера.

Фандино е вториот шпански матадор кој загина во корида арената во изминатава една година, но прв матадор кој загинал во Франција во изминатиов еден век.