Јадете што повеќе цреши додека им е сезона – еве ги придобивките за здравјето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Црешите поседуваат многу хранливи вредности, поради тоа е препорачливо да се консумираат во големи количини.

Во 100 грама цреши (без семка) има 13 грама шеќер, еден грам протеин, 0.2 грама масти и два грама влакна (вкупно 63 калории).

Кога станува збор за витамини и минерали, црешите содржат витамин Ц, мала количина на витамин Б-комплекс, како и железо, калиум, и мала количина на манган, магнезиум и бакар.

Еве десет добри причини зошто да не ги пропуштате црешите како сезонско овошје.

1. Го подигнуваат нивото на енергија

Со консумирањето на цреши на природен начин ја враќате енергијата во телото. Природните шеќери во нив ви го подобруваат расположението, па затоа доволни ви се само 10-тина цреши за да се чувствувате посреќно.

2. Ви помагаат полесно да спиете

Ако имате проблем со непреспани ноќи, секојдневно консумирајте по неколку цреши. Тие содржат мелатонин кој им помага на луѓето кои страдаат од несоница.

3. Добри се за видот и кожата

Богати се со витамин А кој го подобрува видот, а ретинолот кој е составен дел од овој витамин и помага на кожата да изгледа здраво и свежо.

4. Го спречуваат ракот

Дали знаевте дека со редовно консумирање цреши може да се изборите со одреден тип на рак? Антиоксидансите кои се нивна главна состојка ги намалуваат шансите за брзо стареење на телото.

5. Го подобруваат варењето

Заради големата количина на влакна, црешите го подобруваат варењето и го намалуваат нивото на холестерол во крвта.

6. Ја намалуваат болката

Црешите се одличен извор на антоцианин кој ги намалува болките и отоците, а покрај тоа и ги ублажува симптомите на артритисот.

7. Ги спречуваат грчевите во мускулите

Иако бананите имаат многу повеќе калиум од црешите, оние кои не го сакаат ова јужно овошје, лесно можат да го заменат со чинија полна цреши. Тие делуваат благотворно на грчевите во мускулите, но и ја намалуваат болката при менструалниот циклус.

8. Ги подобруваат функциите на мозокот

Ако чувствувате дека сè почесто сте заборавени, црешите може да ви помогнат да си ја вратите концентрацијата.

9. Добри се за срцето

Со консумирањето на цреши барем еднаш во денот го намалувате ризикот од срцеви болести, па затоа јадете ги колку повеќе можете.

10. Имаат антивоспалително дејство

Едно од најважните својства на црешите е токму антивоспалителното. Затоа, препорачливи се за сите спортисти и повозрасните лица кои страдаат од болки во телото.