Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот селектор на македонската младинска репрезентација, Александар Тодоров, е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром откако денеска и официјално потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион.
Тодоров доаѓа на местото на хрватскиот стручњак Анте Назор, кому му истече договорот со клубот од Аеродром и кому управата на клубот му се заблагодарува на вложениот труд и му посакува сѐ најдобро во кариерата.
Пред македонскиот стратег е сериозна задача за обнова на тимот со оглед што во моментов договорни обврски имаат само капитенот Марко Симоновски, Адем Мекиќ и Американецот Ксавиер Темс.
Новиот тренер ќе може да смета и на талентите од младинската школа вклучувајќи ги и веќе промовираните првотимци Леонид Тодоровски, Андреј Настевски, Андреј Миса, Петар Прентовиќ и Мартин Милевски.
Негова примарна задача уште од првиот ден ќе биде пополнувањето на празнините во составот за создавање конкурентен тим кој ќе ја продолжи доминацијата на домашната сцена, но и ќе има забележителен настап во АБА-лигата.