Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од денеска официјално стапува на сила укинувањето на роамингот за телекомуникациските услуги за земјите од Европската Унија.
Оваа мерка се однесува исклучиво само на жителите на земјите од Европската унија, кои патуваат во рамките на Унијата. Новата регулатива на роамингот е само за земјите на ЕУ, така што Македонија не спаѓа во регулативата. Укинувањето значи корисниците на телекомуникациските услуги во мобилните мрежи во странство да плаќаат цени како во матичните земји.
„Операторите имаа две години за да се подготват за крај на роамингот и се надеваме дека ќе ја искористат оваа шанса со примена на новите правила за да ги задоволат нивните корисници”, изјавија вчера во заедничко соопштение претседателите на Европскиот парламент Антонио Тајани, на ЕК Жан Клон Јункер и претседавачот со ЕУ премиерот на Малта Џозеф Мускат.