Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Продолжуваат протестите на стружани бидејќи дивата депонија гори и натаму, градот е обвиен во чад, а решение се уште нема ниту на повидок.
Граѓаните бараат итно дислоцирање на депонијата, но иако министрите за животна средина и без ресор одговорија на апелот, се уште нема временски рокови за тоа кога нешто ќе се преземе околу овој проблем.
Дивата депонија во Струшко Поле веќе подолг период им прави големи проблеми на стружани. Тие се организираа на социјалните мрежи и почнаа протести, кои од ден на ден стануваат се помасовни бидејќи, како што велат, состојбата е драматична и во прашање е здравјето на нивните деца.