Азар пропушта три важни натпревари на почетокот од сезоната!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првата ѕвезда на Челзи, Еден Азар се здоби со пореда во репрезентацијата и ќе го пропушти стартот на сезоната во Премиер лигата.

Вчера кога беше познат распоредот за следната сезона, стана јасно дека Азар ќе пропушти три дерби натпревари.

Имено, се очекува Азар со тренинзи да започне во септември, а на натпреварите да им се врати во октомври.

Тоа ќе значи дека покрај Комјунити Шилд дуелот со Арсенал, ќе пропушти уште три дерби пресметки во Премиерлигата.

Нема да игра на дуелот со Тотенхем на 19-ти август, ќе го пропушти натпреварот против Арсенал на 16-ти септември, како и дуелот со Манчестер Сити на 30-ти септември.