Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новиот тренер на Интер, Лучијано Спалети вели дека не може да верува како клуб со така богата историја толку време е без освоен трофеј.
Интер од 2011 година кога го освои Купот на Италија е без освоен трофеј, а последните години повеќе тренери со различни „гарнитури“ на играчи се обидуваа да донесат успех на „Џузепе Меаца“.
„Мораме да го доведеме Интер таму каде што историјата вели дека треба да биде. Им реков на играчите да веруваат во мене, а јас ќе ги поддржам 100% во секоја ситуација. Тие мораат да сватат чии дрес го носат и колку вреди. Сите се прашуваат како е можно клуб со толку богата традиција да е толку време без трофеј, тоа е скандал“, изјави Спалети.
„И мене така ми делуваше гледајќи од дистанца. Сакав да учествувам во овој тежок период и да помогнат на клубот во враќањето на старата слава. Не сум подобар од тренерите кои Интер ги имаше пред мене, но сум поразличен. Го следам својот пат и имам верба во него“, заклучи Спалети.