Си одбра нова „златна кокошка“: Рајола го пикираше талентот од Дортмунд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мино Рајола е еден од најмоќните луѓе во светот на фудбалот, минатото лето тој беше во центарот на најскапиот трансфер во историјата, и го врати Пол Погба на Олд Трафорд во зделка вредна 105 милиони евра, плус додатни 5 милиони во бонуси.

Агентот за овој трансфер зема провизија од сите инволвирани страни – од Јувентус, од Манчестер јунајтед и Пол Погба и „лапна“ над 41 милион фунти на име на провизија.

Мино Рајола и ова лето ќе биде во центарот на вниманието, Ромелу Лукаку треба да направи мега трансфер во Челси, а и Џиџо Донарума исто така би можел да се најде на трансфер пазарот откако преговорите за продолжување на соработката со Милан тапкаат во место.

Последните информации велат дека Мино Рајола под закрила сака да земе уште еден суперталент.

Се работи за Осман Дембеле од Борусија Дортмунд, кој е желба на гигантите ширум Европа.

Барселона сака уште ова лето да го ангажира Французинот, но „Милионерите“ не сакаат да се откажат од перспективниот фудбалер

Очигледно Мино Рајола знае каде се парите и предвидува нов голем трансфер и нова убава провизија.