Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сушата и недоволната примена на агротехнички мерки од земјоделците двојно ќе ги намалат приносите од пченица годинава. Пред стартот на жетвата се очекуваат катастрофални резултати споредено со минатата година.
Затоа Агро бизнис комората при ССК бара државата да откупи околу 50 000 тони пченица по минимална цена од 12 денари за килограм . На овој начин велат ќе се реши проблемот со откупот и ќе се зголеми интересот за претстојната сеидба. Друга мерка е државата да ги субвенционира оние млинарско пекарски капацитети кои ќе ја лагеруваат односно сместат пченицата во нивните празни простории.
Ако се остварат прогнозите за жетвата очекувано е да се зголеми и увозот на пченица, кој пак ќе повлече пораст на цените на финалните производи.
Поради очекуваното намалено домашно производство на пченица можно е да има зголемување на цената на лебот и другите пекарски производи.
Минатата недела земјоделците се изјаснија дека ако годинава откупната цена на житото биде на ланското ниво кога килограм се откупуваше од 3 до 5 днеари, ќе го преполоват производството или веќе нема сејат пченица.
Лани жетвата беше една од најуспешните досега. Родот тежеше 306 000 тони или 60 % повеќе во споредба со претходната жетва 2015.