Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После повеќе од десет години истражување, научниците пронајдоа состојка која продира во кожата и ја прави со потемен тен без изложување на ултравиолетовите зраци на сонцето, со што се избегнува опасноста од развој на рак на кожата.
За разлика од традиционалните креми за самопотемнување, кои кожата ја потемнуваат само на површината, оваа молекула делува со стимулирање на клетките кои произведуваат пигмент, чија улога е впивање на ултравиолетовите зраци, објаснуваат научниците.
Истражувањето беше објавено во вторникот во американското списание Cell Reports. Новата молекула уште треба клинички да се испитува и тестира, за да се потврди дека не е штетна за луѓето. Се нанесува како крем и според досегашните испитувања, овозможува потемнување на епидермот на еден вид на глувци кај кои, исто како и луѓето, се развива рак на кожата под дејство на ултравиолетовите зраци.
Со оглед на тоа дека човечката кожа не е заштитена со влакна или крзно, таа морала да развие одбранбен механизам против студ, жештина и ултравиолетово зрачење.
Доктор Дејвид Фишер, шеф на дерматолошкиот оддел во болницата Масачусетс Џенерал и професор на медицинскиот факултет на Харвард, истовремено и главен автор на откритието, потсетува дека човечката кожа е одличен браник преку кој е тешко да се продре.
Научниците ги тестираа тие молекули на примероци од човечка кожа во лабораториски услови и утврдија дека кожата потемнува во зависност од количеството на состојката и зачестеноста на примената на истата. Тоа вештачко потемнување трае неколку дена.
Потенцијалната важност на ова истражување лежи во новата стратегија за заштита на кожата и превенција од рак на истата, истакнува Фишер.
„Кожата е најголемиот орган на нашето тело кој може да заболи од рак, а најчесто тоа се случува поради изложување на ултравиолетови зраци“, вели тој.