Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кети Теста е 19-годишна тинејџерка од Флорида која крена прашина на социјалните мрежи откако го објави одговорот од нејзиниот дечко Мет на селфито кое му го пратила во приватна порака, а на кое позира облечена во бикини.
„Имаш целулит на нозете и го мразам тоа, а ни стомакот не ти е таков каков што јас сакам. Тоа ми пречи откако прв пат те поканив на состанок. Жал ми е, но се чувствувам како шупак“, бил неговиот коментар на фотката кој го пратил во приватна порака.
boy, bye ?? pic.twitter.com/DKWDWrjb9a
— kt (@testakatie) June 2, 2017
„Добро. Бидејќи и стварно си шупак. Добра ноќ“, му вратила Кети, која објави „скриншот“ од кратката размена на пораки на Твитер. Фотографијата има собрано над 275.000 допаѓања, а Твитерџиите ѝ порачаа дека изгледа прекрасно и дека воопшто не требало да има работа со типови како Мет.
За Daily Mail Кети открила дека 20-годишниот дечко и претходно ѝ давал невкусни коментари за нејзиниот изглед, но дека ова ја повредило повеќе од сето тоа претходно. Во врска биле само пет месеци.