Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид на сите начини се обидува да ја ангажира младата ѕвезда на Монако, Килијан Мбапе, а според зборовите на Французинот ова не е прв пат да биде на мета на „кралскиот“ клуб.
„Реал се обиде да ме доведе уште кога имав само 14 години“, призна Мбапе за „Канал+“ после пријателскиот меч помеѓу Франција и Англија.
Mbappé: "El Madrid lleva intentando ficharme desde que tenía 14 años" https://t.co/9sz9o6Dm0h pic.twitter.com/NsbtvYyWAK
— MARCA (@marca) June 14, 2017
Актуелниот европски шампион спреми понуда за 18-годишниот напаѓач која не може да се одбие, а медиумите тврдат дека ќе биде срушен светскиот рекорд.
Покрај Реал Мадрид силен интерес за Мбапе покажуваат уште Манчестер Сити и ПСЖ, но ваквите изјави само потврдуваат дека постои голема меѓусебна љубов помеѓу Мбапе и Реал….која трае со години.