Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доцна синоќа, по полноќ предлогот на премиерот Зоран Заев за заменици минситри влезе во собраниска процедура. Денеска се очекува замениците како дополнителна точка на дневниот ред на седницата да се гласаат, откако премиерот Заев ќе го образложи предлогот.
Фаворитите на Заев се: Беким Максути за заменик во одбрана, Агим Нухиу во МВР, Оливер Ристовски во правда,Арта Точи во МНР, Ширете Елези во финансии,Кире Наумов во економија, Власте Димковиќ во земјоделство, Гоце Чакаровски во здравство, Јани Макрадули во животна средина, Висар Гани во образование, Елми Азири во труд и социјална политик, Дејан Павлески во локална самоуправа, Ремзи Мехмеди во транспорт и врски, Александар Бајдевски во информатичко општество и админситрација и Владимир Лазовски во култура
Претседателот на Собранието и собраниските служби до по полноќ го чекаа предлогот на премиерот Заев, пратениците во 1:35 минути добија смс пораки дека предлогот за заменици министри е во собраниска процедура.