Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Парма е во финале! Парма повторно е на вистинскиот пат. Уште само чекор ја дели од враќање во Серија Б.
Славниот клуб кој пред неколку години банкротираше и потона до најниските нивоа на италијанскиот фудбал го совлада Порденоне во полуфиналето од баражот за пласман во втората италијанска лига после изведувањето на пенали со резултат од 5:4 (1:1; 1:1)
Натпреварот беше одигран во Фиренца, на стадионот Артемио Франки, така што изостана вообичаената навивачка иконографија, но возбуда секако имаше. Парма поведе со голот на Луиџи Скаљи, за Паоло Марки да му донесе изедначување на Проденоне и шанса за продолженија во обидот да стигнат до финале.
Во дополнителните 30 минути немаше голови, па се премина на изведување на пенали. До четвртата серија изведувачите и од двата тима беа сигурни, а тогаш изведувачот од Проденоне промаши во петтата серија. Парма не можеше да пропушти таков подарок. Капитенот Алесандро Лукарели (39) беше сигурен во изведувањето на ударот од белата точка за голем триумф на сино-жолтите.
Penalty Goal (5-4) Parma FC vs Pordenone Calcio by hdlivegoals
На вчерашен ден, 1999 година, пред 18 години, Парма се гордееше со освојување на европските трофеи. Во финалето од Купот на Уефа го „толчеше“ Марсеј со 3:0. Пред тоа ги „преслуша“ Фенербахче, Ренџерс, Бордо, Атлетико Мадрид… Се сеќавате? Буфон, Сенсини, Турам, Фузер, Канаваро, Дино Баџо, Богосјан, Верон, Креспо – сè легенди во дресот на Парма во тоа време. А на клупата: Балбо, Фјоре, Муси, Асприља…
Денес е вториот полуфинален дуел меѓу Алесандрија и Реџана. Победникот од тој дуел ќе се соочи со Парма во финалната пресудна битка за Серија Б.