Прифатен предлогот за разрешување на Марко Зврлевски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Советот на јавни обвинители го прифати предлогот на Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски денеска изјави дека членовите на Советот со мнозинство гласови позитивно се изјасниле по предлогот на Владата за разрешување на Зврлевски и оти мислењето уште денеска ќе го достават до Владата.

Според законот Советот на јавни обвинители мислењето треба да го врати до Владата за потоа предлогот за разрешување да биде испратен до Парламентот.

Владата иницираше постапка за разрешување на Зврлевски поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата.