Воините се нови шампиони на НБА


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Голден Стејт Вориорс ја освоија шампионската титула во НБА лигата, победувајќи ги Кливленд Кавалирс со 129-120 во ноќешниот натпревар од НБА финалето и запечатувајќи ја финалната дуел серија со 4-1.

Кевин Дјурант постигна 39 и Стивен Кари 34 поени за блескава победа над Кавалирс во Oracle арената во Оукленд.

Трета година по ред двата тима се среќаваа во финалната завршница на НБА лигата. Минатата сезона Кливленд стана првиот тим кој направи пресврт од 3-1 негатива, но оваа година беа кадарни да победат во само еден дуел со Воините.

ЛеБрон Џејмс ги водеше Кавалирс со 41 поен, 13 скока и 8 асистенции, но сепак тоа не беше доволно за да ги спречи противниците во освојување на конечната победа за шампионска титула.

Кливленд водеа со 37-33 на крајот од првата четвртина, но наскоро Голден Стејт ја наметнаа својата доминација добивајќи ја втората четвртина со 38-23, за водство од 71-60 на полувреме.

До крајот Воините само ја потврдија доминацијата на теренот и се искачија на тронот на НБА за оваа сезона.

Дјурант беше прогласен за МВП на големото финале постигнувајќи над 30 поени на секој финален натпревар, со што достигна 35,2 поени просек по натпревар.