Го поседуваат само тројца луѓе: Овој е најексклузивниот пасош на светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се смета дека моќта на пасошите од поединечни земји се мери со бројот на држави кои можете да ги посетите со нив без потреба од виза. Според тоа мерило, германскиот пасош кој го поседуваат милиони луѓе е најмоќен патен документ, бидејќи на своите државјани им овозможува безвизна посета на 176 од 218 земји.

Од друга страна, пасошот на Суверениот малтешки воен ред не го поседуваат милиони луѓе, туку во овој момент го имаат само тројца луѓе кои поседуваат вакво пасош, со што истиот претставува најексклузивната патна исправа на светот.

Во секој момент на светот постоеле, постојат и ќе постојат само три пасоши од Сувремениот малтешки воен ред, чие целосно име е „Суверен војнички и болнички ред Свети Иван од Ерусалим на Родос и Малта“. Тие три пасоши ги поседуваат највисоките претставници во тој католички ред – големиот мајстор, заменикот на големиот мајстор и канцеларот.

Како што пишува Business Insider, овој ексклузивен пасош потекнува од 1099 година, а сите други припадници на овој ред мора да користат пасоши од своите матични земји. Интересно е тоа што овој воен ред не поседува сопствена земја, откако во 1800 година ја загуби Малта. Оттогаш, нивната земја ја „сочинуваат“ два вонтериторијални имоти во Рим (резиденцијата Palazzo Malta и Вила Малта), во кои издаваат сопствени поштенски марки, парична валута и пасоши.

Денес редот пружа медицинска помош и организира хуманитарни интервенции ширум светот, а се верува дека брои 13.500 витези, дами и капелници, 80.000 постојани доброволци и 25.000 вработени.